
Во близина на градскиот пазар во Делчево се издава нова и функционална хала со вкупна површина од 320 квадратни метри, како и 25 квадратни метри канцелариски простор, подготвена за веднаш да биде ставена во употреба.
Објектот располага со две ролетни врати за лесен пристап, трифазна струја, висока хала погодна за различни деловни намени, како и обезбеден простор за паркирање и маневрирање. Локацијата нуди лесен пристап и функционални услови за успешно водење на бизнис.
Просторот е идеален за компании кои имаат потреба од магацински капацитети, производствен погон, дистрибутивен центар или сервисна дејност, а достапен е за долгорочно изнајмување со флексибилни услови.